Павле Гацов

     Независен неизвршен член

    Датум на раѓање

 

     Образование

     2009 Докторант на Економски факултет,

    универзитет „Св. Кирил и Методиј" - Скопје Прифатена тема:

„Финансиското известување согласно меѓународните стандарди за финансиско известување и анализа на финансиските индикатори во функција на успешното управување со комерцијални банки“

1994 Магистер по Монетарна економија Економски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј" - Скопје          

1988 Дипломиран економист на Економски факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методи" - Скопје Финансиско, сметководствено - банкарска насока

Сегашно работно место

Од 1995 Управител на Агенција за економско-правна поддршка и процена "ПРО АГЕНС" - Скопје и Економски советник.

Работно искуство

1991-1995 Економски советник во „Економско-правно биро БС“ - Скопје

2001-2003 Член на Одборот за ревизија на „NLB Тутунска банка“ - Скопје

2003-2007 Член на Одборот за ревизија на „Комерцијално-инвестициона банка“ - Куманово

2006-2010 Неизвршен член на Одборот на директори на брокерската куќа "NLB Тутунска брокер" - Скопје

Професионални и останати активности

Од 2000 година Член на Комисијата за сметководствени стандарди на Министерството за финансии на РМ

Од 2005 Претседател на Извршен одбор на Здружението на даночни советници на РМ

Од 2007 член на Управниот одбор на Централниот Депозитар за хартии од вредност - Скопје

Независен член на Одборот на директори на Централниот Депозитар за хартии од вредност - Скопје

Од 2008 Координатор на Координативното тело на Советодавниот одбор на даночни обврзници на Република Македонија (во рамките на УЈП)

Од 2014 Претседател на Извршен одбор на Заедницата на општинските здруженија на сметководителите на град Скопје

Од 2014 Претседател на Собранието на Сојузот на сметководители на Македонија

М-р Павле Гацов е автор на преку 300 стручни написи со тематски содржини од областа на финансиското известување, финансиите, сметководството, ревизијата, даноците финансиската анализа, макроекономијата, монетарната економија.

М-р Павле Гацов е автор и коавтор на преку 20 книги и прирачници.

Други стручни ангажмани

Предавања и обуки од областа на финансиското известување, финансиите, сметководството, бан-карското работење, ревизијата, даноците и финансиската анализа во организација на Економско правно биро-БС, Агенција Про Агенс, Комисијата за хартии од вредност (обука за работа со хартии од вредност: а. брокери и б. инвестициони советници), Здружението на правници од стопанството на РМ, Министерството за финансии (обука за актуари).

Предавач во рамките на Тренинг цента-рот на Македонската берза (2012, 2013 и 2014) и предавач на 6-от Конгрес на сметководители и ревизори на Црна гора, во организација на Институтот на сертификовани сметководители на Црна Гора (2011), претседател на Програмскиот одбор на 14, 15 и 16 Симпозиум на Сојузот на сметководители на Македонија (2012, 2013 и 2014).

Проценки на вредноста на општествениот капитал (мали, средни и големи претпријатија), изработка на бизнис планови и финансиски анализи и сл.