Објави (вести)

ИНФОРМАЦИЈА ПОВРЗАНА СО ИЗДАВАЧИТЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ



Почитувани издавачи,

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 („Службен весник на РСМ“ бр.62/2020), услугите за издавање на акционерски книги и останати извештаи за издавачи, ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ОБЕЗБЕДИТЕ ПРЕКУ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ НА ДЕПОЗИТАРОТ.

За користeње на услугите преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот, единствено е потребно Вашата компанија со Депозитарот да склучи Договор за обезбедување на услуги преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот за издавачите. Договорот го доставувате до Депозитарот во четири примероци, потпишан од овластеното лице на издавачот, со печат и архивски број. Во прилог кон Договорот, потребно е да доставите и Tековна состојба издадена од Централниот регистар на РСМ.

Подетални информации за постапката на регистрација, вклучувајќи го и преземањето на договорот се достапни на следниот линк: https://portal.cdhv.mk/Login.aspx, во делот “Постапка за регистрирање на издавач”, каде што се наведени линковите за преземање на договорот и корисничкото упатство за издавачи.

За дополнителни прашања во врска со регистрацијата во Дистрибутивниот систем, може да се обратите до Васка Кантурска-Балевска, раководител на Дирекцијата за деловни операции на e-mail адресата: balevskav@cdhv.mk или на телефонскиот број 02/ 3 299 806 и Бојан Московски, вработен во Дирекцијата за деловни операции на e-mail адресата: moskovskib@cdhv.mk или на телефонскиот број 02/ 3 299 800.

За техничка поддршка во врска со користењето на Дистрибутивниот систем, може е да се обратите до вработените во ИТ Директицијата на Депозитарот: Саша Стојановиќ на e-mail адресата: stojanoviks@cdhv.mk и Виолета Тодоровска Јовановиќ на e-mail адресата: todorovskav@cdhv.mk, или на телефонскиот број 02/ 3 299 812.

Со почит,

Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје


ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО РАБОТЕЊЕТО НА ЦДХВ АД СКОПЈЕ



Почитувани клиенти на Депозитарот, нотари, адвокати, извршители, стечајни управници,

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 („Службен весник на РСМ“ бр.62/2020), Ве известуваме дека издавањето на Изводи од сметки и Потврди за не/поседување на хартии од вредност, спроведување на нетрговски пресноси врз основа на Решение за наследување, Договор за дар, Судска одлука, или постапување по барање за достава на било какви останати информации ЌЕ СЕ ВРШИ ЕДИНСТВЕНО ВРЗ ОСНОВА НА СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДОСТАВЕНА ПРЕКУ ПОШТА.
Во барањето потребно е да се наведе:
- Идентификациони и адресни податоци на податоци за подносителот на барањето

- Целта за поднесување на барањето,

- Документацијата што се приложува кон Барањето,

- Податоци за контакт (телефонски број или e-mail адреса)

- Доказ за уплата (копија од уплатница) на соодветен надоместок, согласно Тарифата на ЦДХВ, објавена на веб страната www.cdhv.mk во делот “Услуги>>Услуги за сопственици на ХВ>>Надоместоци” на било која од банковните сметки наведени во делот “За ЦДХВ >>Банковни сметки”.
Потребната документација за издавање на било која од услугите на Депозитарот се наведени на веб страната www.cdhv.mk , во делот “Услуги >> Услуги за сопственици на ХВ”.
За подетални информации Ве молиме обратете се на телефонскиот број 02/ 3 299 800 или на e-mail адресата cdhv@cdhv.mk .
Ова е известување е доставено и до Коморите на овластените субјекти.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,

Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје


ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ COVID - 19



ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ COVID - 19

 

Почитувани клиенти на ЦДХВ,

Ве известуваме за следните превентивни мерки против ширењето на COVID – 19:

-      доколку во последните три недели сте патувале во земји каде има епидемија на корона вирус, поради превенција не е препорачлива директна комуникација со вработените во Депозитарот. За потребни информации јавете се на нашите службени телефони, а доколку имате потреба од поднесување на документација истата доставете ја по пошта на подолунаведената адреса.

-      За останатите клиенти - Ве молиме доколку имате БИЛО КАКВИ СИМПТОМИ НА НАСТИНКА ИЛИ ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА, ДА НЕ ГИ ДОСТАВУВАТЕ ДОКУМЕНТИТЕ ВО ДИРЕКТЕН КОНТАКТ СО ИНСТИТУЦИЈАТА ОДНОСНО НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ, туку документите кои треба да ги поднесете до Депозитарот, да ги доставите по пошта на нашата адреса:

ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ

Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1, Скопје.

На сите барања доставени по пошта Депозитарот одговара најдоцна за три работни дена.

За информации,Ве молиме обратете се на нашите службени телефони:

Издавачи на хартии од вредност – 023299807

Акционери и иматели на обврзници – 023299800