Објави (вести)

27.11.2015



Во врска со Соопштението на Министерството за труд и социјална политика и Одлуката на Владата на Република Македонија за прогласување на 02.12.2015 година (среда), за неработен ден на граѓаните на Република Македонија, ја информираме јавноста дека 02.12.2015 година е неработен ден и за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

На 02.12.2015 година порамнувањето на трговските трансакции склучени на Берза ќе биде согласно режимот за неработен ден за Депозитарот (системот на ЦДХВ  нема да биде отворен за работа на членките на Депозитарот за резервации на хартии од вредност и за порамнување на трговски трансакции). 


25.11.2015



Објава за набавка – ЦДХВ АД Скопје Функционална надградба -Фаза 1: Дефинирање на стратегија и  поддршка за набавки

Објавата за набавка (преведена на македонски јазик) можете да ја преземете од следниот линк или од интернет страната на ЕБРД преку следниот линк.


11.11.2015



На 11.11.2015г. во Депозитарот успешно беше завршена постапката за преземање на Пелистерка АД Скопје. Во постапката на преземањепонудата за откуп на акциите ја прифатија 42 акционери со вкупно 10975 обични акции, со кои се стекна преземачот ЦИП Продукт ДООЕЛ од Скопје.