Објави (вести)

28.01.2014



Согласно применото Решение УП1 08-3 од 24.01.2014 година со кое се изрекува привремена забрана на Илирика инвестментс АД Скопје за вршење на сите услуги за хартии од вредност за кои има добиено дозвола од Комисијата за хартии од вредност  во времетраење од 15 работни дена, на 28.01.2014г, Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје привремено ја исклучи од членство на Илирика инвестментс АД Скопје. Привременото исклучување ќе трае заклучно со 17.02.2014 г.


27.01.2014



На 27.01.2014 година, Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје  е известен  од Македонска берза АД Скопје  дека Пеон брокер АД Скопје привремено е исклучен од членство на Берзата.  Со оглед дека членството во овластена берза е еден од условите кои континуирано треба да бидат исполнети за брокерската куќа да биде членка на ЦДХВ, истиот ден членката е привремено исклучена од членство и во ЦДХВ. Привременото исклучување ќе трае се до повторно исполнување на континуираните услови за членство предвидени согласно Правилата за членство на ЦДХВ.


28.11.2013



Почитувани клиенти, согласно Соопштението на Министерството за труд и социјална политика, согласно донесениот заклучок на Владата на Република Македонија за одработување на неработниот ден 27.11.2013 година (среда) на 30.11.2013 година (сабота), Ве известуваме дека 30.11.2013 година е работен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.