Новости

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Македонската банкарска асоцијација, на 31.01.2019 година, потпишаа меморандум за соработка со кој се утврдуваат полињата за кооперација кои се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.

Целта на соработката е унапредување на состојбите на финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

Соработка ќе се реализира во повеќе домени со особено внимание на размената на информации, материјали и искуства поврзани со остварување на целите како и организирање едукативни активности, пред се семинари, курсеви и работилници кои се од заеднички интерес, а се во доменот на делокруг на работење на страните.

Меморандумот предвидува и превземање иницијативи во врска со законската и подзаконска регулатива во доменот на работењето со хартии од вредност од важност за двете страни.