Новости

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и оваа година се приклучува на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму).

Оваа година, како дел од иницијативата за ширење на добри дела, одлучивме да помогнеме на дванаесетчленото семејство од село Русиново, Беровско, чија куќа беше целосно опожарена во Март оваа година.

Ја проследуваме поканата на Inner Wheel Club Skopje Europea на 14 април (недела) на Школка во Градски парк од 10:30 - 14 часот заедно да го одбележиме април, месецот посветен на зголемување на свеста за аутизмот преку правење добри дела.

Линк за настанот: 👉https://www.facebook.com/events/415157632384576/