Новости

Регистрација на Четиринаесеттата емисија на обврзници за денационализација–
На ден 01.06.2015 година во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје е регистрирана Четиринаесеттата емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 9.500.000 евра.
Обврзниците се запишани и во Депозитарот се водат под ISIN ознака MKMINF200DE0.
При регистрацијата, со обврзници за денационализација од Четиринаесеттата емисија се стекнаа  776 иматели.
Со оваа емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 01.02.2014 до 31.01.2015 година со кои како надомест се даваат обврзници.  Овие обврзници се хартии од вредност кои гласат на име, во ЕВРО валута и се неограничено преносливи. На обврзниците  се пресметува камата од 2% на годишно ниво, а номиналната вредност и каматата се отплатуваат во период од 10 години. Исплатата на  каматите и номиналните вредности од обврзниците ќе се одвива согласно објавениот Проспект за издавање и тргување на Четиринаесетта емисија на обврзници за денационализација  од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
На сопствениците на обврзници од оваа емисија Депозитарот ќе им достави на регистрираната адреса известување за доделениот износ на обврзници