Новости

Доставување акционерски книги - 

Ги известуваме издавачите на хартии од вредност евидентирани во базата на податоци на Депозитарот дека во наредните денови Депозитарот ќе врши доставување на акционерски книги со состојба на ден 31.12.2014 година до издавачите, согласно точка 6.2 од Правилата за работа на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Во насока на обезбедување на заштита на личните податоци на акционерите, акционерските книги ќе се доставуваат како заштитени (криптирани) документи. Дополнително ќе бидат доставени инструкции за декриптирање на документот.

Доставувањето на акционерските книги и инструкциите за декриптирање ќе се врши на адресата која издавачот на хартиите од вредност ја има пријавено во Депозитарот. Доколку кај некои од издавачите на хартии од вредност се настанати промени во адресата на друштвото кои не се пријавени во Депозитарот, ве молиме во најкраток можен рок до Депозитарот да доставите нови ажурирани адресни податоци.