Новости

Постапка за преземање на ФЗЦ 11 Октомври –
Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје известува дека во тек е постапката на упис на Изјави за прифаќање на понудата за откуп на акции издадени од ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово. Депозитарот претходно склучи договор за соработка во постапката на преземање на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово со преземачот - правното лице Квалитет Пром ДООЕЛ од Куманово. Согласно законските обврски, преземачот депонираше банкарска гаранција со која се гарантира исплата на сите акционери кои ќе ја прифатат понудата за откуп на нивните акции. Понудата за откуп е објавена во дневниот весник Утрински весник на 14.05.2015 и на веб страницата на Берзата. Рокот за прифаќање на понудата е 30 дена од денот на нејзиното објавување и завршува на 12.06.2015 година. Изјавите за прифаќање на понудата за откуп се даваат во НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – Служба за услуги со хартии од вредност.