Новости

Во врска со Соопштението на Министерството за труд и социјална политика и Одлуката на Владата на Република Македонија за прогласување на 02.12.2015 година (среда), за неработен ден на граѓаните на Република Македонија, ја информираме јавноста дека 02.12.2015 година е неработен ден и за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

На 02.12.2015 година порамнувањето на трговските трансакции склучени на Берза ќе биде согласно режимот за неработен ден за Депозитарот (системот на ЦДХВ  нема да биде отворен за работа на членките на Депозитарот за резервации на хартии од вредност и за порамнување на трговски трансакции).