Објави (вести)

Информација



Согласно донесените заклучоци на Владата на Република Северна Македонија со кои 24 април (среда) и 8 мај (среда) се определуваат за неработни денови поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија., ве известуваме дека 24.04.2024 година (среда) и 08.05.2024 година (среда)  се неработни денови за Депозитарот, поради што порамнувањето на берзанските трансакции ќе се одвива во деновите како што е наведено подолу.

 

 

 АПРИЛ

 

Ден на тргување

 

Ден на порамнување

22.04.2024

25.04.2024

23.04.2024

26.04.2024

 

 

МАЈ

 

Ден на тргување

 

Ден на порамнување

02.05.2024

09.05.2024

07.05.2024

10.05.2024


Информација



Започнувајќи од 05.04.2024 година, влегуваат во сила измените на Правилата за работа на ЦДХВ АД Скопје. Поконкретно, се работи за дополнување на Правилата за работа заради усогласување со Законот за здруженија на граѓани и фондации во кои дозволено е фондацијата да се основа или да ја зголеми имотната маса со непаричен влог кој се состои во хартии од вредност.

 Измените се однесуваат на точката 4.7а во кој што по ставот 2  се додаваат два нови става 3 и 4 кои гласат:

„При основање на фондација, или зголемување на имотната маса на фондација со седиште и основанa согласно релевантните прописи на Република Северна Македонија, со непаричен влог кој се состои од хартии од вредност, Депозитарот врши пренос на хартиите од вредност од сметката за хартии од вредност на сопственикот – оснивачот, на сметката за хартии од вредност на фондацијата, по доставување на регистрација од Централниот Регистар – трговскиот регистар и регистарот на други правни лица на РСМ.

 Во постапката на основање или зголемување на основната главнина на трговско друштво, или основање или зголемување на имотната маса на фондација, а кои се со седиште во Република Северна Македонија, сопственикот на хартиите од вредност до Централниот депозитар за хартии од вредност доставува изјава заверена на нотар дека хартиите од вредност се вложени во трговско друштво, или фондација и дека е согласен над истите да биде евидентирано ограничување за располагањето сé до пренесувањето на истите во сопственост на трговското друштво или фондацијата.“


Посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје



На 22.03.2024 година во посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје беа ученици од завршна година под менторство на своите професори од Средното економско и правно училиште ,,Кузман Јосифоски -Питу“ од Прилеп.

Учениците беа запознаени со надлежноста на Депозитарот, организациската поставеност, начинот на кој Депозитарот ги врши своите функции со појаснување на постапката за регистрирање на нови акционерски друштва во системот на Депозитарот, регистрирање на нови емисии на хартии од вредност, доделување на единствен ISIN број и начинот на утврдување и порамнување на склучените трговски трансакции со хартии од вредност. Депозитарот изврши и презентирање на чекорите кои се преземаат во постапките за спроведување на нетрговски преноси со хартии од вредност, врз основа на склучени договори за дар, наследни решенија, судски одлуки и сл.