Објави (вести)

Денови на финансиска писменост



Во периодот од 24-ти до 26-ти ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции како членки на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија во соработка со приватните финансиски компании. Заради пандемијата, оваа година Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања преку видеоконференциска врска, подготовка и издавање на едукативни брошури и публикации, едукативни е-квизови, информирање и едукација преку социјалните мрежи.

За ЦДХВ

Како да спроведете подарок

Како да отворите сметка во ЦДХВ

Како да спроведете наследство

Увид во акционерска книга

 

Што е тоа:


„ИНВЕСТИТОРСКИ ДЕН“ НА БЕРЗАТА НА 18 СЕПТЕМВРИ



По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата иницира одржување на т.н. „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност и седум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

„Инвеститорскиот ден“ ќе се одржи на 18 септември (петок) 2020 година.

Одржувањето на „Инвеститорскиот ден“ значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Поконкретно, на „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива, при што ќе треба да бидат исполнети следните услови:

  • Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата;
  • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
  • Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

На 18 септември, сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање на трансакциски трошоци,преку следните седум членки на Берзата:

 

Инвестброкер

 

Комерцијална банка

            

НЛБ Банка Скопје

 

 Стопанска  банка Скопје

 

ТТК Банка 

    

Фершпед брокер                  

 

Шпаркасе Банка Македонија

 

Еурохаус

 

Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

Се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

 

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНСКИ АКЦИИ!


04.09.2020



Согласно Решение на Комсијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија бр. УП1 08-84 од 04.09.2020 година, Правилата за членство на Централен депозитар за хартии од вредност и одредбите од Законот за хартии од вредност, Депозитарот донесе Одлука број 08-3203/2 од 04.09.2020 година за привремено исклучување од членство на членката ИНОВО БРОКЕР АД Скопје. Привременото исклучување од членство на ИНОВО БРОКЕР АД Скопје, согласно рокот утврден во Решението на Комисијата УП1 08-84 од 04.09.2020 година ќе трае 7 дена, почнувајќи од 05.09.2020 година.