Објави (вести)

11.03.2019



Халк банка АД Скопје, врз основа на претходно поднесено Барање, а согласно Одлуката на Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје од 11.03.3019 година е примена во ОТЦ членство во Депозитарот.


21.02.2019



Следните членки склучија Договор со Депозитарот да вршат регистрација и издавање на регистрациони податоци на имателите на хартии од вредност за пристап и користење на Дистрибутивниот систем на Депозитарот:

  • Илирика Инвестментс АД Скопје
  • Фершпед Брокер АД Скопје
  • НЛБ банка АД Скопје
  • Еурохаус АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје

08.02.2019



Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Македонската банкарска асоцијација, на 31.01.2019 година, потпишаа меморандум за соработка со кој се утврдуваат полињата за кооперација кои се од заеднички интерес во областа на финансиското работење и работењето со хартии од вредност.

Целта на соработката е унапредување на состојбите на финансискиот пазар и пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

Соработка ќе се реализира во повеќе домени со особено внимание на размената на информации, материјали и искуства поврзани со остварување на целите како и организирање едукативни активности, пред се семинари, курсеви и работилници кои се од заеднички интерес, а се во доменот на делокруг на работење на страните.

Меморандумот предвидува и превземање иницијативи во врска со законската и подзаконска регулатива во доменот на работењето со хартии од вредност од важност за двете страни.