Објави (вести)

Се укинува забраната за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово



Владата на РСМ ја укинува забраната за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово кои своите девизни влогови ги штеделе во банки со седиште на територијата на РСМ и филијали на банки на територијата на РСМ чие седиште било во бившите републики на СФРЈ, воведена по основ на реципроцитет и го задолжи Министерството за финансии во Буџетот на РСМ за 2022 година да обезбеди средства за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово.    Прочитајте повеќе...


14.10.2021



Македонската берза доби плакета од Централниот депозитар за хартии од вредност.
Депозитарот и Берзата, како инфраструктурни институции на македонскиот пазар на капитал, од самото нивно основање па сè до денес, се карактеризираат со висок степен на интероператибилност во повеќе сфери, што е предуслов за ефикасно функционирање на модерните пазари на капитал.

прочитај повеќе...


14.10.2021



Плакета за гувернерката на Народната банка по повод јубилејот на Централниот депозитар за хартии од вредност

Народна банка на Република Северна Македонија има клучна улога во функционирањето на финансискиот систем и придонесува за успешно спроведување на процесите на одделните институции во системот.

повеќе...