Други услуги за издавачи на хв

Депозитарот спроведува и други дополнителни услуги за издавачите како што се пресметка и дистрибуција на дивиденда, камата, исплата на главнина и исплата на главнина на денот на достасување. Овие услуги се поврзани со правата што произлегуваат од издадените хартии од вредност што се утврдуваат со актот за нивно издавање, како и со соодветни одлуки донесени од издавачите. Тука спаѓаат и услуги за претворање на родот на акциите, конверзија на номиналната вредност на акции и други.

На барање на издавачите, Депозитарот може да изврши и доставувaње на известувања до имателите на хартиите од вредност што се поврзани со спроведени корпоративни дејства како и повици за одржување на акционерски собранија.