Новости

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е дел од Проектот за финансиска едукација на граѓаните, со цел запознавање на граѓаните со услугите кои ги обезбедува оваа институција како еден од столбовите на пазарот на капитал.

За таа цел, во период од 29-31 мај, во просториите на Депозитарот, на посетителите на Депозитарот ќе им бидат обезбедени материјали за промоција на услугите кои ги нуди оваа институција и заинтересираните граѓани, на информативниот пулт, ќе имаат можност да добијат подетални информации и поблиску да се запознаат со начинот на добивање на услугите кои ги нуди Депозитарот, како што се на пр. водењето на акционерските книги на акционерските друштва, обезбедувањето на информации за состојбите со сметките на хартиите од вредност на физичките и правните лица, како и воедно можноста за добивање на услугите од Депозитарот по електронски пат.

https://www.facebook.com/cdhvmk/photos/a.1979932082068522/2369199956475064/?type=3&theater