Новости

На 22.03.2024 година во посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје беа ученици од завршна година под менторство на своите професори од Средното економско и правно училиште ,,Кузман Јосифоски -Питу“ од Прилеп.

Учениците беа запознаени со надлежноста на Депозитарот, организациската поставеност, начинот на кој Депозитарот ги врши своите функции со појаснување на постапката за регистрирање на нови акционерски друштва во системот на Депозитарот, регистрирање на нови емисии на хартии од вредност, доделување на единствен ISIN број и начинот на утврдување и порамнување на склучените трговски трансакции со хартии од вредност. Депозитарот изврши и презентирање на чекорите кои се преземаат во постапките за спроведување на нетрговски преноси со хартии од вредност, врз основа на склучени договори за дар, наследни решенија, судски одлуки и сл.