Новости

На ден 30.09.2015 год., согласно доставената документација од страна на КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ трета емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-122 од 09.09.2015, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 22.500 обични акции со номинална вредност од 4 ЕУР за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 250.000 ЕУР и е поделена на 62.500 обични акции со номинална вредност од 4 ЕУР за една акција.