Објави (вести)

25.02.2004



Во ЦДХВ се регистрирани обврзници за денационализација -трета емисија.

На Македонската Берза за Хартии од вредност, на 01.03.2004 год. официјално ќе започне тргувањето со овој тип на обврзници.


20.03.2003



Во ЦДХВ се регистрирани обврзници за денационализација - втора емисија.

На Македонската Берза за Хартии од вредност, на 27.03.2003 год. официјално ќе започне тргувањето со овој тип на обврзници.


03.03.2003



Измените и дополнувањата на Правилата на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одобрени од страна на Комисијата за хартии од вредност на седницата одржана во Февруари 2003 година.

Основните дополнувања се однесуваат на тргувањето со ограничени акции што е регулирано со новата точка 4.11.

Останатите измени и дополнувања не се од суштински карактер, туку се вметнати заради подобрување на текстот на Правилата.