Како да станете членка на ЦДХВ

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА

Согласно со Правилата за членство, членка на ЦДХВ може да биде брокерска куќа, банка или подружница на странска брокерска куќа, која како овластен учесник на пазарот на хартии од вредност е регистрирана во Трговскиот регистар како правно лице, има добиено важечка дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност и е примена во членство на Депозитарот.

Условите за прием во членство во Депозитарот согласно со Правилата за членство
се следниве:

  • да е регистриран во Трговскиот регистар како брокерска куќа, банка или подружница на странска брокерска куќа;
  • да има добиено дозвола за работење со хартии од вредност од Комисијата за хартии од вредност;
  • актите на овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност да се усогласени со законските прописи и актите на Депозитарот;
  • да биде соодветно организационо и технички опремена, особено од аспект на приклучување на членката кон информацискиот систем на Депозитарот;
  • да биде членка на овластена Берза;
  • да има најмалку двајца овластени брокера во редовен работен однос;
  • органот на управување на овластениот учесник со одлука да ги прифати Статутот, Правилата за членство и актите на Депозитарот и да се обврзе на нивно спроведување и почитување;
  • да располага со соодветна основна главнина и ликвидни средства во согласност со закон, како и да има соодветен коефициент на изложеност пропишан од Комисијата за хартии од вредност;
  • да исполнува други критериуми пропишани од Комисијата за хартии од вредност;
  • да исполнува други критериуми пропишани од Депозитарот со Статутот и со Правилата за членство.

Овластениот учесник што има намера да стане член на Депозитарот поднесува писмено барање до Депозитарот за прием во членство, во форма и содржина согласно со образец утврден со Правилата за членство, со прилог на потребната документација.

Депозитарот е должен на секој овластен учесник на пазарот на хартии од вредност што е регистриран во Трговскиот регистар и што ги исполнува условите за прием на членство и одредбите на Правилата за членство да му дозволи да стане членка на Депозитарот.

Статусот  на членка на Депозитарот се стекнува со прием во членство на Депозитарот. Одлуката за прием на овластениот учесник во членство на Депозитарот ја носи Одборот на директори на Депозитарот.