Корпоративен профил

Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје е компанија која повеќе од една деценија претставува еден од институционалните столбови на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија и дава континуиран придонес за стабилноста и за развојот на оваа индустрија.

Депозитарот функционира како акционерско друштва во 100% приватна сопственост, со цел регистрирање на хартиите од вредност и сопствениците на хартиите од вредност, порамнување на трговските трансакции и вршење на нетрговски преноси со хартии од вредност.

Податоци за акционерскиот капитал и сопственичката структура на ЦДХВ АД Скопје можете да добиете на следниов линк.

Во моментот функциите на депозитар уредени со Законот за хартии од вредност ги извршува само Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, и тоа врз основа на соодветна дозвола за работа издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

За извршувањето на функциите на депозитар уредени со закон, ЦДХВ располага со софистицирана софтверска програма. Оваа програма е во сопственост на Депозитарот, кој самостојно се грижи за нејзиното одржување и надградби преку тим посветени професионалци во својата област.

Согласно со Законот за хартии од вредност, акционери на Депозитарот може да бидат единствено банки, брокерски куќи, осигурителни друштва или друштва за управување со фондови.

ЦДХВ АД Скопје функционира како саморегулирачка организација согласно со закон и донесува правила што се задолжителни за неговите членки. Членки на Депозитарот може да бидат брокерски куќи, банка или подружница на странска брокерска куќа со дозвола за работа од КХВ. Депозитарот носи Правила за однесување и дисциплина со кои поблиску се уредува спроведувањето на актите на Депозитарот од неговите членки. Правилата за однесување и дисциплина им даваат овластување на органите на Депозитарот да преземаат мерки и/или привремено или постојано да го укинат правото на членката на Депозитарот да учествува во работењето ако членката не ја почитува регулативата или не ги исполнува обврските што произлегуваат од извршените трансакции со хартии од вредност.

ЕМБС на ЦДХВ 5554705

ЕДБ на ЦДХВ 4030001425383

Седиште  булевар Кузман Јосифовски Питу бр.1, Скопје