Преземања акционерски друштва

Во согласност со Законот за преземање акционерски друштва, ЦДХВ спроведува определени дејствија, а има и обврски за известување како до преземачот така и до Комисијата за хартии од вредност. Законот предвидува и обврски на преземачот кон Депозитарот.

Преземачот склучува договор со ЦДХВ за вршење услуги во постапката на преземање. Со договорот ЦДХВ се обврзува да ги изврши сите уписи на забрани за располагање со хартиите од вредност и уписи на преносот на хартиите од вредност, како и сите исплати што треба да се извршат во постапката на преземање.