Политики за колачиња

Што се колачиња?

Колачиња се мали текстуални фајлови кои се снимаат на Вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство на веб страницата www.cdhv.mk и не се поврзуваат со Вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Колачиња се податоци кои ги користат веб страните за да ги идентификуваат веб корисниците. Со помош на колачињата се следи движењето на посетителите на веб страницата на Депозитарот и на тој начин се собираат податоци за подобро разбирање за користењето на веб страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб страницата, но притоа не се користат личните податоци.
Сите информации што се меморираат во рамките на „cookies“ може да бидат искористени само за потребите на интернет-услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена.

 

Што овозможуваат колачињата?

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

 

Типови на колачиња на www.cdhv.mk

ЦДХВ АД Скопје, на својата веб страницата користи неколку видови на колачиња при работењето на истата и тоа:

  • Неопходни колачиња:
    Колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и слично. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб страницата.
    Колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки.
    Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите преку Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
  • Колачиња за аналитика:
    Колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната.
    Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
  • Сесиски колачиња:
    Овие се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот Интернет-пребарувач, додека не ја завршите сесијата на вашиот Интернет-пребарувач.

 

Со кликање на копчето "Се согласувам" и со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.


Со кликање на копчето "Не се согласувам" и со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме само неопходните колачиња опишани во овој документ.

 

Доколку не сакате да користиме колачиња како што е наведено погоре, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на колачиња, можете истите да ги избришете преку Вашиот пребарувач.