Доверливост

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ


Правни аспекти и сопственички права

Ова е официјалната страница на Централен Депозитар за Хартии од Вредност АД – Скопје.

Централен Депозитар за Хартии од Вредност АД – Скопје има комплетни авторски права врз содржината на веб страницата. Содржините на оваа интернет-страница се во сопственост на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД АД Скопје. Корисниците се запознати и согласни дека податоците, графиците, текстот, логото и сите други материјали содржани на веб страницата се заштитени согласно законските одредби за индустриска сопственот, авторски права и правото на трговска марка.

Секој упад или злоупотреба на интернет-страницата на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД АД Скопје е казниво согласно Кривичниот законик на Република Македонија.

Веб страницата на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД – Скопје претставува збир на податоци и информации кои имаат цел да информираат. Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД – Скопје го задржува правото да ја менува содржината и структурата на веб страницата во секое време без претходна најава. Иако се преземени сите потребни активности, Депозитарот не гарантира точност или навременост на информациите, и ниту нејзините службеници, ниту директори, ќе бидат одговорни пред клиентите и членките за било какви штети, загуби, трошоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се и од загуба на податоци, компјутерско време, финансиски загуби.

Депозитарот објавува податоци на Web страната единствено заради информативни цели и ништо од тоа што е објавено не содржи понуда за купување или продавање или барање за понуда да се купат или продадат кои било хартии од вредност. Податоците од содржината на Web страната во никој случај не претставуваат препорака од страна на Депозитарот за квалитетот на кое било акционеско друштво или издадени хартии од вредност, ниту се инвестициски совет за донесување на одлука за инвестирање.

Производите и услугите опишани на оваа веб страница се однесуваат исклучиво на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД – Скопје и се во комплетна сопственост на Депозитарот.

За секој обид да се промени изгледот и содржината на страницата, со исклучок на правниот сопственик Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД – Скопје, Депозитарот има право да побара санкции за сторителите од надлежен орган.

WWW адресите на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје се www.cdhv.mk и www.cdhv.org.mk. Секоја слична адреса која може да се појави на Интернет нема директна или индиректна  поврзаност со Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Корисниците кои пристапуваат до оваа веб страница ги имаат следните права:

Депозитарот им дава на корисниците ограничена, непренослива и неексклузивна дозвола

  • Да ја прегледуваат содржината
  • Да превземаат, преведуваат или користат дел од информациите поставени на страницата исклучиво само со цитирање на изводот
  • Да ги копираат или печатат материјалите достапни на веб страницата без комерцијални цели
  • Да ги поврзуваат нивните страници со линкови до оваа веб страница со претходна согласност на Депозитарот (во случај тие линкови да се со бизнис/маркетинг цели од линкот, веб страницата на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД АД – Скопје треба да ја отвара ново прозорче)

Секое физичко или правно лице кое базирано на информациите достапни на веб страницата ќе донесе одлука, ќе биде одговорен за успехот или неуспехот на одлуката  која ја донел и сите загуби кои може да произлезат од неа

Општи услови

Заштитниот знак на Депозитарот му припаѓа исклучиво на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД – Скопје и не може да се користи без да се има претходна писмена согласност. Било која употреба која не е во рамките на договореното со Депозитарот, на било кој начин, претставува прекршување на правата.

Услови за користење

Податоците и информациите објавени на оваа интернет-страница се од информативен карактер и имаат статус на претпоставена точност и вистинито. Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД Скопје го задржува правото во секое време да изврши ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите, во целост или делумно, со цел обезбедување на континуирано ажурирање на интернет-страницата.

Исклучување од одговорност

Депозитарот не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од интернет-страницата.

Поврзаните локации не се во надлежност ниту се под контрола на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД Скопје и затоа Депозитарот се иззема од одговорноста за содржините на која било поврзана локација или која било измена или ажурирање на истата. Вклучувањето на кој било линк/врска кон други субјекти не повлекува и поддршка на таквите локации од страна на Централен Депозитат за Хартии од Вредност АД Скопје. 

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб-страница, се сложувате со одредбите од Општите услови за користење на веб страницата на Централен Депозитар за Хартии од вредност АД Скопје.