Пренос на хартии од вредност по пат на наследство

За спроведување на нетрговски пренос на хартии од вредност врз основа на оставинско решение донесено од надлежен суд/нотар до ЦДХВ се доставува следнава документација:

  1. Правосилна одлука на надлежен суд/нотар, во оригинал или заверена копија.
  2. Доказ за уплата на надомест за спроведување на пренос согласно со Тарифата на ЦДХВ:

Ако наследникот нема отворено сметка за хартии од вредност во ЦДХВ, потребно е да поднесе и документација за отворање сметка за хартии од вредност дадена на следниов линк.

Ако  предмет на наследство се хартии од вредност што согласно со оставинското решение не можат да се поделат во цел број (односно ако при поделбата се јавува остаток како нецел број), наследниците имаат можност за нераспределивите хартии од вредност да отворат сосопственичка сметка или да извршат соодветна  распределба на таквите хартии од вредност преку изјава заверена на нотар или соодветно коригирање на наследното решение.

Кога со наследно решение за законски наследници на хартии од вредност се огласени повеќе лица, а до ЦДХВ е доставена соодветна документација само за дел од нив, ЦДХВ ќе спроведе нетрговски пренос само за лицата за кои е доставена комплетна документација. Нераспределените хартии од вредност остануваат на сметката на оставителот сè до доставување на потребната документација за другите наследници.