Мисија и визија

Мисијата на Депозитарот, како една од инфраструктурните институции на пазарот на капитал, е обезбедување на навремени и квалитетни услуги за сите учесници на пазарот на капитал, притоа давајќи посебен акцент на поттикнување  иновативни и одржливи технолошки решенија имајќи цел обезбедување  брз, едноставен и континуиран пристап до услугите што ги нуди Депозитарот, а истовремено обезбедувајќи заштита на интересите на сите засегнати субјекти.

Мисијата на Депозитарот е преку постојано унапредување на услугите што им ги нуди на своите целни групи корисници, да обезбеди:

  • стабилност: беспрекорни, сигурни и ефикасни услуги што ќе го поддржат и поттикнат пристапувањето на домашните и странските инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност;
  • недискриминација: еднаков третман на сите групи учесници во работата на Депозитарот;
  • иновативност: применување нови методи, техники и начини во работењето имајќи цел зголемување на квалитетот во работењето и приближување на услугите на депозитарот кон потребите на потрошувачите;
  • високи стандарди во работењето: прифаќање и применување меѓународно прифатени стандарди и практики во делот на посттрговските активности со хартии од вредност;
  • развој на пазарот на хартии од вредност: преземање активности во насока на развој на пазарот на хартии од вредност, и тоа како индивидуални активности на Депозитарот, така и активности во соработка со други институции и тела;
  • сигурност: континуирано градење на системи за управување со ризици;
  • институционално етаблирање: развој на меѓународната соработка и зголемување на визибилноста на Депозитарот, како во национални рамки, така и на регионалното и меѓународното ниво.

Визија на Депозитарот е одржување на неговата позиција како институционален столб во индустријата на хартии од вредност во Република Северна Македонија и стабилен партнер што нуди услуги со висок квалитет и сигурност, едновремено силно посветен кон својот натамошен развој и кон поттикнување позитивни промени за натамошен развој на индустријата за работа со хартии од вредност.

Реализацијата на визијата на Депозитарот значително придонесува кон одржување и градење на интегритетот на пазарот на капитал во Република Северна Македонија, заштита на интересите на инвеститорите во хартии од вредност и зајакнување на довербата на инвеститорите во клучните институции во оваа индустрија што, пак, има свое влијание врз другите фактори на економските текови.

Посебен предизвик за Депозитарот е неговиот придонес кон забрзано интегрирање на домашниот со европските и меѓународните пазари на капитал.

Притоа, ќе се води сметка за одржување на високите стандарди на корпоративно управување и адекватно управување на односите меѓу неговите членки, акционери и други засегнати лица.