Маја Парнарџиева Змејкова
Д-р Маја Парнарџиева-Змејкова дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во 2000 година, на смер: макроекономија, отсек: финансии и банкарство, и на истиот факултет има магистрирано (тема: Развојот на државните хартии од вредност во функција на јавниот долг на Република Македонија) и докторирано во 2017 година (тема: Проблеми и предизвици во системот на финансирање на здравственото осигурување, со особен осврт на Република Македонија). Поседува сертификат за работа со хартии од вредност.
Професионалната кариера ја започнува во Министерството за развој на почеток на 2000 година, како раководител на одделение за европски интеграции.
Во август 2000 година прeминува во Министерството за финансии, во Секторот за финансиски систем, каде како раководител на истиот учествува во работните групи за креирање на регулативата од областа на пазарот на капитал, банкарството и финансискиот лизинг. Во 2004 година е назначена како проектен менаџер во министерството за финансии за воведување на државните хартии од вредност и воспоставување на Сектор за јавен долг, кој после формирање во 2005 година и го раководи. Во 2006 година назначена е како Национално овластено лице (НАО) за авторизација на сите ИПА структури во државните институции, а во 2008 година станува Државен советник за меѓународни односи, јавен долг, финансиски систем и ИПА.
Во периодот 2009-2015 година ја извршувала и функцијата Директор на Фондот за здравство.
Повеќе од 11 години работи во Агенцијата за супервизија на осигурување, од кои 11 години како Координатор на Стручната служба за супервизија, а од април 2026 година како Генерален Советник.
Во периодот од 2006 до 2009 година била претставник на Македонија во Одборот на директори во Банка за развој при Совет на Европа. Во периодот од 2003 до 2009 година била Претседател на управниот одбор на Фондот за депозити.
Повеќе од 16 години е предавач од пракса на Универзитетот Американ Колеџ Скопје по предметите: Вовед во Макроекономија,
Финансиски пазари и институции и Портфолио менаџмент.
Нејзините ангажмани вклучуваат истражувачки проекти од областа на здравствената економија, јавните финансии и јавниот долг, финансиските пазари и институции.
Била стипендист на Фондот за Американски студии, 1998; стипендист на Економскиот факултет, Виена, Австрија 1999; стипендист на Француската Влада, Високата школа за јавна администрација (ЕНА), Париз, Франција 2002 и Стипендист на Џорџ Таун Универзитетот, САД, 2004.