Новости

На ден 26.05.2022 година, согласно Проспектот и доставените податоци за имателите од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, во ЦДХВ е регистрирана емисијата на Обврзници за денационализација Дваесет и прва емисија со ИСИН MKMINF200DL5. Обврзниците од  Дваесет и првата емисија се во вкупен износ од 6.000.000 евра и со емисијата се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 01.01.2021 до 31.12.2021 година со кои како надомест се даваат обврзници. На сопствениците  на регистрираните обврзници ќе им бидат доставени изводи од сметка по пошта.