Новости

Започнувајќи од 05.04.2024 година, влегуваат во сила измените на Правилата за работа на ЦДХВ АД Скопје. Поконкретно, се работи за дополнување на Правилата за работа заради усогласување со Законот за здруженија на граѓани и фондации во кои дозволено е фондацијата да се основа или да ја зголеми имотната маса со непаричен влог кој се состои во хартии од вредност.

 Измените се однесуваат на точката 4.7а во кој што по ставот 2  се додаваат два нови става 3 и 4 кои гласат:

„При основање на фондација, или зголемување на имотната маса на фондација со седиште и основанa согласно релевантните прописи на Република Северна Македонија, со непаричен влог кој се состои од хартии од вредност, Депозитарот врши пренос на хартиите од вредност од сметката за хартии од вредност на сопственикот – оснивачот, на сметката за хартии од вредност на фондацијата, по доставување на регистрација од Централниот Регистар – трговскиот регистар и регистарот на други правни лица на РСМ.

 Во постапката на основање или зголемување на основната главнина на трговско друштво, или основање или зголемување на имотната маса на фондација, а кои се со седиште во Република Северна Македонија, сопственикот на хартиите од вредност до Централниот депозитар за хартии од вредност доставува изјава заверена на нотар дека хартиите од вредност се вложени во трговско друштво, или фондација и дека е согласен над истите да биде евидентирано ограничување за располагањето сé до пренесувањето на истите во сопственост на трговското друштво или фондацијата.“