Новости

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, согласно член 32 став 2) од Законот за хартии од вредност, за издавачите на хартии од вредност, како дополнителна услуга може да врши пресметка и исплата на дивиденда и/или камата, за што Депозитарот склучува договор со издавачот. Издавачот УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ оваа година ќе исплатува дивиденда преку Депозитарот, поради што, потребно е акционерите на УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ до Депозитарот да достават податок за платежна сметка во банка, преку која ќе се врши исплатата на дивидентата. Ажурирањето на овој податок Депозитарот ќе го изврши врз основа на пополнет Образец  од страна на акционерот и доставен во писарницата на Депозитарот, или испратен по пошта на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, П.Фах. 274, Скопје