Известување

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ги известува државјаните на Република Србија и Косово кои штеделе во банки со седиште на територијата на Република Северна Македонија и филијали на банки на територијата на Република Северна Македонија чие седиште било во бившите републики на СФРЈ, на кои им се издадени обврзници согласно Законот за начинот и постапката за исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија ("Службен весник на РМ" бр.32/2000, 108/2000, 4/2002, 42/2003, 145/2010 и 33/2015), за следното:

Владата на Република Северна Македонија на својата 99-та седница одржана на 17.08.2021 година ја усвои „Информацијата за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Република Србија и Косово кои штеделе во банки со седиште на територијата на Република Северна Македонија и филијали на банки на територијата на Република Северна Македонија чие седиште било во бившите републики на СФРЈ“. Со усвојувањето на оваа Информација, Владата на РСМ ја укинува забраната за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово кои своите девизни влогови ги штеделе во банки со седиште на територијата на Република Северна Македонија и филијали на банки на територијата на Република Северна Македонија чие седиште било во бившите републики на СФРЈ, воведена по основ на реципроцитет и го задолжи Министерството за финансии во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година да обезбеди средства за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово. Истовремено, Владата на РСМ го задолжи Министерството за финансии да го извести Централниот депозитар за хартии од вредност дека од 01.01.2022 година може да започне со исплата на овие депонирани девизни штедни влогови на државјаните на Република Србија и Косово.

За да може од страна на издавачот на обврзниците – Министерството за финансии, преку деловна банка да Ви се изврши исплатата на неисплатите рати и камати од издадените обврзници, потребно е заедно со Извод од сметка издаден од Депозитарот, да дадете налог-овластување во било која деловна банка во Република Северна Македонија, за тоа на која банковна сметка ќе Ви се врши исплата на износот од Вашата сметка на обврзници од депонирани штедни влогови. За даденото овластување, банката по службена должност ќе го извести Депозитарот.

За да може Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје да Ви издаде Извод од Вашата сметка за обврзници од депонирани девизни влогови и истовремено да изврши ажурирање на Вашите идентификациски и адресни податоци, врз основа на Ваше лично присуство во Депозитарот, потребно е:

-        Да приложите на увид важечки пасош,

-        Да приложите на увид штедна/и книшка/и врз основа на која/и Ви се издадени обврзнците, или нивна копија, и

-        Да доставите целосно пополнета Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице), која може да ја преземете ТУКА

Изводот од Вашата сметка за хартии од вредност од Депозитарот ќе Ви биде потребен во постапката за давање на овластување во некоја од деловните банки во РС Македонија каде имате/ќе отворите сметка на која ќе се исплатуваат заостанатите рати и камати по основ на обврзниците.

Документацијата за издавање на Изводот од сметка можете да ја доставите и по пошта.

Доколку документацијата не ја доставувте лично(со Ваше присуство во Депозитарот), туку преку полномошник потребно е да доставите за таа цел специјално полномошно за овластеното лице заверено на нотар, во кое лицето го ополномоштувате да ја поднесе погоренаведената документација со цел ажурирање на Вашите идентификациски и адресни податоци и подигнување на Извод од сметка. (Во овој случај, покрај погоренаведената документација, потребно е да се приложи копија од Вашиот важечки пасош, заверена нотар). Напоменуваме дека истата документација ја бараат и деловните банки при отворање на банковни сметки.

Доколку Ви се потребни дополнителни податоци поврзани со ова известување, оставете порака на следната електронска адреса: cdhv@cdhv.mk.