Објави (вести)

08.04.2014



На 07.04.2014 година до ЦДХВ АД Скопје е доставено Решение од Комисијата за хартии од вредност со кое се изрекува привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново брокер АД Скопје. Оттука, Депозитарот привремено ја исклучи од членство членката Иново брокер АД Скопје во времетраење од 30 работни дена, започнувајќи од ден 08.04.2014 година, а заклучно со 22.05.2014 година


18.02.2014



Врз основа на член 18 од Статутот и член 9 и 13 од Правилата за членство на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, како и Решението на Комисијата за хартии од вредност на РМ бр. УП1 08-4 од 10.02.2014г., Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, на ден 18.02.2014г., донесе Одлука за траен претстанок на членството на членката Пеон Брокер АД Скопје.


05.02.2014



Врз основа на член 18 од Статутот и член 9 и 13 од Правилата за членство на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, како и Решението на Комисијата за хартии од вредност на РМ бр. УП1 08-2 од 30.01.2014г., Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, на ден 04.02.2014г., донесе Одлука за траен претстанок на членството на членката Алта Виста Брокер АД Скопје.